Во Првата македонска фудбалска лига денеска се одиграа два натпревари од 15-отото коло.

Екипите на Пелистер и Македонија Ѓорче Петров освоија по еден бод во меѓусебниот дуел одигран попладнево во Битола. Двата тима имаа свои шанси, да стигнат и до полчн „плен“, но сепак на крајит резултатот 1-1 се чини е нај реален.

Гостите поведоа во 17 минута кога Христијан Петров од работ на шеснаесетникот одлична ја пласираше топката во мрежата на домашниот тим, за 0-1. Домаќините во вториот дел стигнаа во до израмнување. Се играше 63.минута кога по ударот на Ристиќ гостинскиот голман Јанков ја одби топката, а на вистинското место се најде Булатовиќ за 1-1.

Во финишот на натпреварот ВАР снимките пресудија резултатот да остане не променет. Прво судијата Фатмир Бафто досуди пенал за домашниот тим кој по прегледувањето на снимката ги поништи. Во судиското дополнение гостите ја затресоа мрежата на пелистерци, но погодокот не беше признат поради офсајд.

Покрај овој натпревар денеска се одигра и дуелот во Струмица каде АП Брера загуби убедливи од Тиквеш со 0-4.

Гостите од Кавадарци уште во првиот дел направија предност од два гола. Ивановски во 14.минута го отвори резултатот, а Стојанов во 35-тата го постигна својот прв гол. Со вториот погодок на Стојанов во 77.минута Тиквеш веќе имаше недостижна предност од 0-3. Конечните 0-4 ги постави Стојчев со голот во третата минута од судиското дополнение (90+3).

Со оваа победа Тиквеш (18 бодови) го презеде седмото место од АП Брера со два бода повеќе (16). По нив следуваат Македонија ЃП и Пелистер кои имаат по 15 бодови.

ПРВА ЛИГА – 15 КОЛО

сабота
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
АП БРЕРА – ТИКВЕШ во тек
недела
СТРУГА Т.Л. – БАШКИМИ 12:30 часот
ВАРДАР – ШКУПИ 13:00 часот
понеделник
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 13:00 часот
петок
СИЛЕКС – АРСИМИ 1-3