Во дербито на колото, кое оправда дел од очекувањата со динамична и борбена игра, Чаир го пречека амбициозниот состав на Ѓорче Петров.

Актуелниот шампион Ѓорче со одлично одиграно второ полувреме успеа да направи целосен пресврт и да триумфира над Чаир со конечни 30:26.

Натпреварот започна одлично за домашните, кои со серија од 3:0 во 7-та минута први се одлепија. Ѓорче брзо се врати во игра и во 12-тата минута израмни на 4:4. Чаир повторно со нова мини-серија од 2:0 поведе со 6:4, предност што успеа сигурно да ја контролира во поголемиот дел од првото полувреме. Гостинската екипа во 22-тата минута намали на 9:8, но не успеа да израмни. На паузата Чаир замина со водство од 14:12.

Ѓорче во второто полувреме целосно ја презеде контролата врз натпреварот. Во 33-тата минута успеа да израмни на 14:14, а веднаш потоа со серија од 3-0 првпат поведе со 17:14. Од тој момент, Ѓорче само ја зголемуваше предноста, додека Чаир безуспешно се обидуваше да се врати во игра. Во 50-тата минута разликата веќе изнесуваше +5 (27:22), а до самиот крај резултатската слика остана непроменета. Ѓорче беше убедлив и рутински ја задржа предноста, додека Чаир не успеа да направи пресврт. Па крајниот резултат беше 30:26.

Најефикасни од домашната екипа Ризоска и Исич со девет гола, додека од Чаир Величковска со десет погодоци.

Со оваа победа тимот на Ѓорче Петров изби на првото место на табелата со 17 бодови колку што има и Металург. Сепак тимот од Автокоманда кој е единствениот непоразен досега, допрва треба да го одигра својот натпревар од десеттото коло. Чаир за кој овца беше втор пораз сезонава е трет со бод помалку.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи