Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, денеска ќе ги почне подготовките за ноемврискиот ФИБА „прозорец“. Во него Македонија ги има првите обврски во претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
Со оглед на краткото временско „растојание“ до првиот меч, селекторот Марјан Илиевски и неговите соработници предвидоа мини-подготовки во оној тренажен процес.
Првиот, од неколкуте планирани тренинзи, ќе биде реализиран во понеделник од 18:30 часот, во „базата“, односно салата на СРЦ „Кале“.
Наредниот ден, на 25.ноември, активностите се сведуваат на реализација на еден т.н. „централен тренинг“ од 10.30 до 12.30 часот.
Два тренинзи се предвидени и за наредниот ден, првиот, стандарден од 10.30 до 12.30 часот, додека вториот ќе биде „поместен“ за 20. часот.
А нашата најдобра селекција, која ќе биде сместена во хотелот „Алекасандар Палас“ во Скопје, ќе тренира и на денот на одигрувањето на натпреварот ќ.
Дуелот Македонија-Азербејџан ќе се игра на 27.ноември, од 19.часот. Вториот натпревар Македонија ќе го игра на гости кај Ирска на 30 ноември. Во нашата група е и селекцијата на Луксембург.




































