Двата денешниот натпревари од 14.,коло во Првата лига, завршија со победи на домашните екипи со идентични 3-0.
Големо изненадување приреди новајлијата Арсими кој во Гостиваг го победи шампионот Шкендија.
Во првиот дел тетовци беа оние кои повеќе имаат од играта, но без ефект (0-0), а вториот стартуваше „пеколно“ добро за домашниот тим. Со головите во три минути, на Шефити и Таипи (46 и 49.минута), Арсими го најави изненадувањето. Триумфот го потврди Јахији со голот во 75-тата минута.
Во Кавадарци со истиот резултат (3-0) Тиквеш стигна до важи три бода во дуелот со Башкими.
Иван Ивановски во 17.минута го отвори резултатот, а Мартин Стојанов во 32-рата зголеми на 2-0. веќе во 36-тата минута Тиквеш стигна и до три гола предност, а стрелец беше Мартин Стојанов.
ПМФЛ – 14 КОЛО
понеделник
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л. 13 часот
вторник
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 13 часот
одиграно
ТИКВЕШ – БАШКИМИ 3-0
АРСИМИ – ШКЕНДИЈА 3-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-2
АП БРЕРА – ВАРДАР 0-2




































