Фудбалерите на Вардар ја оставија единаесетата победа во ПМФЛ. Во натпревар од 14 коло, одигран попладнево во Струмица, Вардар ја совлада АП Брера со 0-2.

Првиот дел мина без многу возбудувања, а најчесто се играше на средината на теренот. За нијанса поголеми иницијатива имаа гостите. Нај зрелата шанса ја имаше Спахиу во 28-та минута.

Во вториот дел, односно 53 минута, најдобро во шеснаесетникот на струмичани се снајде Талески за водство на Вардар од 0-1. До вториот гол, повторно во мрежата на домаќините се чекаше до 72.минута, кога Тодоровски ја искористи грешката на домашниот тим, за 0-2 за Вардар.

соновите бодови и вкупно 36 вардар се зацврсти на врвот на табелата со 4 бодови повеќе од второпласираната струга ТЛ, а шест повеќе од Шкендија која е трета. Стружани тетовци своите натпревари од оваа рунда ќе ги играат утре и задутре.