Фудбалерите на Белгија не ја искористија првата шанса, да го потврдат својот пласман на Светското првенство 2026-та.
На гостувањето кај Казахстан, а во рамките од Ј групата, во која настапува и Макеоднија, Белгијците одиграа само 1-1.
Дека нема да им биде лесно на „ѓаволите“ селекцијата на Казахстан тоа го најави уште во деветтата минута. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Сатпаев. Тој резултат остана и до крајот на полувремето. По само три минути игра во вториот дел (48) Ванакен донесе израмнување за Белгија на 1-1. Иако гостите во завршните минути имаа и играч повеќе (црвен картон доби Чесноков кај Казахстан), резултатот остана не променет.
Со овој нерешен резултат Белгија им даде барем мала надеж на Макњоднија и Велс кои на 18 ноември ќе играат меѓусебно во последното коло. Велшаните пак вечерва гостуваат кај Лихтенштајн против кој Белгија во последното коло игра на домашен терен.






































