Машката кошаркарска суперлигашка конкуренција денеска нуди три натпревари од седмото коло.
Новајлијата Маџари окуражен по двете победи, ќе атакува на вториот успех. Но задачата на избраниците на Тодоровиќ нема да биде ни малку лесна. Маџари за противник ќе го има Работнички кој влезе во одлична форма и нанижа четири победи во низа. Овој натпревар што ќе се игра во салата ,,Шабан Трстена“ ќе почне во терминот од 15 часот.
Во Кисела Вода, екипата на Ангели и Тиквеш ќе водат жестока битка за бодовите кои може да бидат исклучително важни подоцна во борбата за опстанок. Со исто значење ќе биде и натпреварот во Чаир каде истоимената екипа го пречекува Гостивар. Чаирчани досега се немаат израдувано на триумф, а гостиварци тоа го сторија само еднаш.
Утре на програмата се два натпревари, а дербито е во Куманово каде ќе играат четврто и трето пласираните екипи на табелата. Потсетување дека во првото дерби од ова коло, вчера шампионот МЗТ Скопје Аеродром му го нанесе првиот пораз на ТФТ.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 7 КОЛО
Сабота
МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ 15.00 ч.
АНГЕЛИ – ТИКВЕШ 17.30 ч.
ЧАИР – ГОСТИВАР 19.00 ч.
Недела
ФЕНИКС – КОЖУВ 18.30 ч
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 19.00 ч.
петок
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 89-67




































