Со четирите денешни натпревари ќе биде комплетирано 12.коло во машката ракометна Супер лига.

Во Битола ќе се играат два натпревари.

Првиот е од 15 часот, а во него вториот тим на Еурофарм Пелистер го пречекува составот на Прилеп. Три часа подоцна (18) закажан е стартот на вториот натпревар. Првакот Еурофарм Пелистер, дополнително мотивиран по победата над Сегед во Лигата на шампионите, го пречекува скопски Бутел.

Во меѓувреме во Радовиш кај истоимената домашна екипа ќе гостува Куманово. Колото ќе биде заокружено со натпреварот во Кавадарци, каде Тиквеш ќе го пречека тимот на Пролет.

Потсетување дека во првите два одиграни натпревари од ова коло, Вардар ја впиша 12-тата победа, а Охрид го доби дербито со Алкалоид.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 12 КОЛО

сабота
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП 15 часот
РАДОВИШ – КУМАНОВО 16 часот
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ 18 часот
ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ 19 часот
одиграно
ОХРИД – АЛКАЛОИД 28-24
ВАРДАР – СТРУГА 36-21