На НБА терените во САД ноќеска се играа натпревари во Купот, од кои ги издвојуваме, победите на двата тима од Лос Анџелес.

Тимот на Лејкерс на гостувањето во ЊУ Орлеанс славеше победа со 118-104.

Словенецот, Лука Дончиќ повторно одигра брилијантен натпревар кој го заврши со дабл-дабл ефект. Докиќ на 24 поени додаде и 12 асистенции, а имаше и седум асистенции. Сепак прв стрелец во тимот на „езерџиите“ беше Остин Ривс постигна 31 поен, надополнети со седум асистенции.

На Пеликанс, не им помогнаа ниту 35 поени на Треј Марфи, да го избегнат четвртиот пораз во низа.

Следете нé на социјалните мрежи

Џејмс Харден го одигра најдобриот натпревар сезонава, во победата на ЛА Клиперс на гости кај Далас со 133-127 по две продолженија.

Харден оствари троегн ефекст со со 41 поен, 14 скока и 11 асистенции. Четири од десетте поени беа во продолжението од второто кога се решаваше победникот. Популарниот „брада“ го запиша 82-от трипл-дабл во кариерата.
Хрватот, Ивица Зубац придонесе со дабл-даб во оваа победа на Клиперси со 27 поени и 11 скока, што е негов најдобар учинок сезонава.

Клиперс ја прекинаа серијата од шест порази. Сега имаат 2-0 во НБА Купот и вкупен биланс од 4-8.