На денешните, последни, два натпревари од 13-тото коло во ПМФЛ, фаворитите ги одлучија мечевите во своја полза уште во раната фаза.

Шкендија се сретна со ,,подмладената” екипа на Македонија ЃП која ја совлада со 7-2.

Гостите имаа доста промени во тимот непосредно пред овој натпревар и очекувано фаворитската улога ја имаше домаќинот. Мазари во 9-та и Рамадани во 16-та минута донесоа брзо водство за домаќините. Гостите успеаја да намалат во 20-та минута преку Етеми, но Мелиќи во 30-та ја врати предноста за неговиот тим. Во вториот дел домаќините постигнаа уште четири погодоци, а конечниот резултат беше постигнат во 89-та минута.

Силекс го пречека ”фенерџијата” Шкупи и доминираше до посакуваните три бода со победата со 5-1.

Алиќ на два пати во 7-та и 35-та, Пиреш во 10-та и Мирчевски во 39-та и 57-та минута беа креатори на победата. Почесниот гол за гостите го постигна Рибеиро во 51-та минута.

Вардар е лидер на табелата, пред Струга, Шкендија и Силекс. На 15-ти ноември, Шкендија ќе го одигра заостанатиот натпревар против Шкупи.

Гоце Михајлоски