Со вечерашниот дуел во салата „Илија Хаџи- Николов“ во кој ќе се сретнат двете екипи со максимален ефект, Бутел и Соколи, ќе биде отворено 4.коло од Првата македонска лига.

За прв пат, по многу години пауза, согласно со договореното, еден натпревар од оваа конкуренција ќе биде пренесуван „во живо“ на програмите на Македонската радио телевизија. Средбата која стартува од 18.часот, се очекува да донесе доста возбудувања, и пред се квалитетна претстава од екипите кои оваа натпреварувачка сезона конкурираат за највисок пласман, односно „влез“ во Супер лигата.

Екипата од Штип досега реализираше три победи, од кои особено значајна е онаа последната на гостувањето во Свети Николе, каде во екстра период од пет минути славеа победа над Овче Поле. Домаќинот на овој натпревар беше сигурен во првите две кола (во премиерното беше слободен).

Во овој круг од второто, според квалитет, натпреварување во машка конкуренција. има уште неколку натпревари кои предизвикуваат, исто така, висок интерес.

Во сабота, од 15.30 часот, следува дуелот на уште две екипи со стонастотен ефект. Вардар е домаќин на прилепски Мега баскет. Во недела, од 16.часот, кошаркарите на Струмица ФМП, кои исто така имаат три победи во првите три кола, го дочекуваат составот од Свети Николе.

Во саботниот термин, од 15.15 часот, следува и „езерското дерби“, односно дуелот помеѓу екипите на Охрид и на Црн Дрим, а нешто подоцна, од 18.часот, во Тетово, Тетекс ТТК е во улога на домаќин на екипата на Младинец. Во Струмица ќе се одигра уште еден натпревар, во недела, каде Струмица Ролинг и Борец баскет ќе атакуваат на првиот успех во новата сезона.

Следете нé на социјалните мрежи

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 4 КОЛО

А ГРУПА – 4.КОЛО

сабота
ОХРИД – ЦРН ДРИМ 15.15 ч.
ВАРДАР – МЕГА БАСКЕТ 15.30 ч.
ТЕТЕКС – МЛАДИНЕЦ 18.00 ч.
Слободен ВОДНО САНС

Б ГРУПА – 4.КОЛО

петок
БУТЕЛ – СОКОЛИ 18.00 ч. МРТ3
сабота
СТРУМИЦА РОЛИНГ – БОРЕЦ БАСКЕТ 17.00 ч.
недела
СТРУМИЦА ФМП – ОВЧЕ ПОЛЕ 16.00 ч.
Слободен СПОРТИСИМО