Богата и интересна програма во НБА лигата е зад нас, а покрај победата на Хит над Клиперс, имаше уште неколку неизвесни натпревари.

Во еден од нив, Јута славеше против Бостон со 105-103. Победничкиот кош го постигна босанскиот репрезентативец Јусуф Нуркиќ  0,6 секунди пред крајот на натпреварот.

Најефикасни играчи ка Јута беа Џорџ со 31 поен и пет скока, Лаури Марканен имаше 20 поени и девет скока.

Речисни на ист начин заврши и дуелот во кој Милвоки ја совлада Индијана со 117:115.  Таму пак Гркот, Јанис Антетокумпо реализира со звукот а сирената. Тој натпревареот го заврши со 33 поени, 13 скокови и 5 асистенции.

Никола Јокиќ уште еднаш го предводеше Денвер до триумф. Овојпат Србинот заврши со дабл-дабл со 34 поени,  7 скокови. во победата на Нагетс над Сакраменто со 130:124.

РЕЗУЛТАТИ:

Бостон Селтикс – Јута Џез 103:105
Хјустон Рокетс – Далас Маверикс 110:102
Бруклин Нетс – Минесота Тимбервулвс 109:125
Мемфис Гризлис – Детроит Пистонс 106:114
Индијана Пејсерс – Милвоки Бакс 115:117
Денвер Нагетс – Сакраменто Кингс 130:124
Портланд Треил Блејзерс – Лос Анџелес Лејкерс 115:123
Њујорк Никс – Вашингтон Визардс 119:102