Фудбалерите на Арсими ја впишаа четвртата победа во во Првата македонска фудбалска лига и барем за миг се искачија на 6.место на табелата.
Попладнево пред своите симпатизер, а во натпревар од 12.коло, Арсими го победи Башкими со 4-2.
Домаќините поведоа со голот на Таим во 36.минута, а во 38-мата Мемети го израмни резултатот на 1-1.
Во финишот на првиот дел (44 минута), Дардишта повторно му донесе предност на Арсими (2-1).
Во вториот дел односно 63.минута, Шефити со својот осми првенствен гол заголеми на 3-1. Истиот фудбалер го постигна и четвртиот гол за домаќините (88), а Аворниот (90+2) само го ублажи поразот.
Утре во Скопје ќе се играат два натпревари, Работнички – Тиквеш и Македонија ЃП – Струга ТЛ, тие ќе почнат од 13.30 часот, како и дуелот во среда во Струмица, каде екипата на Брера го пречекува Силекс. Истиот ден, во среда, но од 17 часот закажано е и вечното дерби во Битола, каде Пелистер ќе го пречека лидерот на табелата Вардар.
Поради обврските на шампионот Шкендија во Конференциската лига, последниот меч од ова коло, тетовци против Шкупи ќе го играат на 15 ноември.
ПМФЛ – 12 КОЛО
понеделник
АРСИМИ – БАШКИМИ 4-2
вторник
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 13:30 ч.
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА Т.Л.
среда
АП БРЕРА – СИЛЕКС
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 17 ч.
15.ноември
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА




































