Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Гостивар ќе почне вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Од 13.30 часот, попладнево, на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Арсими и Башкими. Нивната прва меѓусебна пресметка сезонава во Куманово донесе интересен фудбал, па се очекува така да биде и денеска.

Во истиот термин утре во Скопје ќе се играат два натпревари, како и дуелот во Струмица закажан за во среда. Истиот дел (среда), но од 17 часот закажано е и вечното дерби во Битола, каде Пелистер ќе го пречека лидерот на табелата Вардар.

Поради обврските на шампионот Шкендија во Конференциската лига, последниот меч од ова коло, тетовци против Шкупи ќе го играат на 15 ноември.

ПМФЛ – 12 КОЛО

понеделник
АРСИМИ – БАШКИМИ 13:30 ч.
вторник
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА Т.Л.
среда
АП БРЕРА – СИЛЕКС
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 17 ч.
15.ноември
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА