Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја обнови традицијата на прогласување на најдобрите во македонскиот ракомет за сезоната 2024/2025.

За најдобар ракометар е избран Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер, додека Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров е прогласена за најдобра ракометарка.

Публиката, преку гласање на социјалните мрежи на РФМ, ги избра Никола Митревски за најдобар ракометар и Теодора Гулицоска за најдобра ракометарка. Во категориите за најдобри странски играчи во македонската лига, наградите ги добија Дмитро Хориха од РК Вардар и Ана Вранчиќ од ЖРК Ѓорче Петров. За најдобар млад ракометар е избран Димитар Узунчев од Бутел Скопје, а Марија Јанкуловска од Металург А. е прогласена за најдобра млада ракометарка.

Кирил Лазаров од РК Алкалоид за машка конкуренција и Симе Симовски од ЖРК Ѓорче Петров за женска конкуренција, признанијата ги добија, во категоријата најдобри тренери.

На свеченоста беше оддадена почит и со постхумно признание за особен придонес во ракометот на Илија Темелковски, кој почина на 13 октомври 2025 година. Наградата ја примија неговата сопруга Лидија Темелковска и неговите внуци. Беа доделени вкупно 14 награди, вклучувајќи ги и оние за најдобар судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, како и за најдобри стрелци, Давид Димевски и Марија Анчева.