Фудбалерите на Струга Трим Лум брзо се рехабилитираат од поразот од АП Брера. Попладнево во натпреварот од 11.коло, стружани како гости на својот терен го совладаа Шкупи со 2-1.
Иницијативата од почетокот на натпреварот ја имаа стружани. Таквата игра резултираше со водство дури во 24 минута со голот на Компаоре. Во вториот дел стружани останаа со играч помалку откако Французинот, Диако заработи црвен картон во 54-ттаа минута. Тимот на Шкупи израмни во 56.мимута преку Мухамед од пенал. Најстрога казна беше досудена и во 75.минута, но на спротивната страна. Сигурен реализатор на пеналот беше Компаоре за водство на Струга со 2-1.
Со оваа победа, Струга ТЛ се врати на врвот на табелата со два бода повеќе од Вардар кој утре ќе го игра дербито со Силекс.
Попладнево во Битола (17 часот) ќе играат Пелистер и Тиквеш.


























