Двата натпревари што се одиграат попладнево во Ѓорче Петров и Гостивар, во рамките од 11.коло на ПМФЛ завршија без победик.

Вкупно шест голови беа постигнати, а поефикасен беше натпреварот во Гостивар каде Арсими и Работнички одиграа 2-2.

„Романтичарите“ од Скопје имаа два голови предност на полувремето. Головите беа постигнати во само една минута разлика откако во 40-тата Демир Имери погоди за 0-1, во 41-вата Дрлевиќ си постигна автогол. Во вториот дел Арсими стигна до израмнување со головите на Велиу (68.минута) и Таипи (85).

Во Ѓорче Петров каде Македонија го пречека Башкими натпреварот заврши 1-1.

Во поривот дел двајцата голмани беа „виновници“ што резултатот по 45 минути беше почетниот 0-0. На стартот на второто полувреме (47.минута) Авронијо донесе предност на гостите од 0-1. Стрелец на голот за Македонија и за конечни 1-1 беше Пецов во 77-мата минута.

За утре и задутре закажани се по два натпревари, а оној во Битола и дербито во Скопје ќе се играат под рефлектори.

ПМФЛ – 11 КОЛО
Среда

МАКЕДОНИЈА ЃП – БАШКИМИ 1-1
АРСИМИ – РАБОТНИЧКИ 2-2
Четврток
ШКУПИ – СТРУГА Т.Л. 13:30 ч.
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 17:00 ч.
Петок
АП БРЕРА – ШКЕНДИЈА 13:30 ч.
ВАРДАР – СИЛЕКС 17:00 ч.