Со двата натпревари кои се играа во Кавадарци и Куманово, попладнево стартуваше 10.коло во ПМФЛ. Вкупно 12 голови беа постигнати, а три од нив беа дело на фудбалерот на Арсими, Шефити кој оствари хет-трик.

ТИКВЕШ – АРСИМИ

Фудбалерите на Тиквеш пропуштија голема шанса да се израдуваат на само третата првенствена победа. Кавадарчани два пати имаа два гола предност против Арсими се до 84-тата минута, но Арсими славеше со 3-4. Кавадарчани беа поконкретни во текот на целиот натпревар, а победата ја најавија преку Садики кој за само трио минути во првиот дел (38 и 41) постигна два гола.

По само две минути игра во второто полувреме, гостите намалија на 2-1, а со првиот гол на Шефити на натпреварот. Сепак, во 53.минута Ивановски повторно ја врати предноста на кавадарчани на два гола, сега за 3-1. Сепак, Шефити двата ново гола (84 и 87) ја направи завршницата неизвесна. И тука не застанаа гостите, бидејќи Таиф во четвртата минута од судиското дополнение му донесе победа на гостинскиот тим.

БАШКИМИ – ШКУПИ

На натпреварот во Куманово составот на Башкими имаше лесна задача бидејќи беше домаќин на Шкупи кој и во десеттиот натпревар претрпе пораз.

До петтиот свој триумф Башкими стигна со конечни 4-1. Стрелци на головите за победничката екипа беа: Филип Алексовски (14.минута), Марко Симоновки (25), Аворнио (45+6) и Хаџиќ (54). Голот за гостите го постигна Шука (41)

Дербито на ова колото меѓу Шкендија и Вардар ќе биде последно и ќе се игра во понеделник, а утре и задутре на програмата се другите три натпревари.

ПМФЛ – 10 Коло

Петок
ТИКВЕШ – АРСИМИ 3-4
БАШКИМИ – ШКУПИ 4-1
Сабота
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 14.30 ч.
СТРУГА Т.Л. – АП БРЕРА
Недела
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР
Понеделник
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР