По репрезентативната и изборната пауза, односно дуелите но Купот на Македонија, денеска продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига.

Од денеска до понеделник ќе се играат натпреварите од 10-тото коло, кое го носи дербито меѓу шампионот Шкендија и скопски Вардар. Тој натпревар ќе биде последниот од оваа рунда, а ќе се игра во понеделник.

За денеска закажани се дуелите во Кавадарци и Куманово, а сите натпревари ќе почнат во терминот од 14.30 часот.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 10 Коло

Петок
ТИКВЕШ – АРСИМИ 14.30 ч.
БАШКИМИ – ШКУПИ
Сабота
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА Т.Л. – АП БРЕРА
Недела
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР
Понеделник
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР