Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2026 година.
По стартниот убедлив пораз на гостувањето кај Германија од која загубија со 16 голови разлика, македонските ракометарки, утре во Битола, ја пречекуваат Словенија.
Словенките во првото коло на групата 3, ја совладаа селекцијата на Белгија на домашен терен.
Затоа, за одржување на шансите за пласман на позициите што водат на европскиот шампионат, македонските ракометарки утре ќе мора да ги освојат бодовите, да победата.
Задачата за избраничките на селекторот Кристијан Грчевски нема да биде ни малку лесна, па затоа ќе биде неопходна и голема поддршка од публиката.
Утрешниот натпревар што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ ќе почне во терминот од 18 часот. Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.





































