Во машката ракометна Супер лига денеска се одиграа три натпревари од осмото коло. Фаворитите ги оправдаа улогите, па шампионот Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид., впишаа нови победи.

Првакот Еурофарм Пелистер во „братската пресметка“ со својот втор тим, славеше со 34-27. Иако по првиот дел резултатот беше израмнет, сепак во второто полувреме, првиот состав на пелистерци „уфрли во поголема брзина“, и го реши мечот во своја полза. Рудолф Хакбарт со седум голови беше прв стрелец во победничката екипа, а исто толку на спротивната страна постигна Бојан Гичев.

За шампионот ова беше шестата победа сезонава, колку што има и Алкалоид кој вечерва славеше на гостувањето кај Прилеп со 28-20.

Една победа помалку (пет) имаат ракометарите на Охрид кои исто така како гости се радуваа на триумф кај составот на Прилеп со 18-34. Давид Савревски со 7 голови беше прв стрелец кај охриѓани, за кои Дејан Куковски реализира гол помалку вез промашување.

Вардар е лидер на табелата со максимални осум победи (16 бодови), а по него следуваа Алкалоид (14), Е.Пелистер (13), Охрид и Бутел имаат по 11.

Следете нé на социјалните мрежи