Три натпревари и тоа неизвесни и со пресврти се одиграа вечерва во рамките од 2.коло на маката кошаркарска Супер лига.
Сите три беа мошне интересни и неизвесни, а како победници излегоа екипите на Куманово, Гостивар и Тиквеш.
Најнеизвесно беше во Кавадарци, каде Тиквеш загуби со 70-72 во дуелот со Кожув. Двата тима имаа периоди во кои имаа предност, но ниту еден не направи двоцифрена. Победникот се решаваше во последните секунди кога Первис погоди за радост на гостите.
Со 18 поени, Первис беше и најефикасниот играч на Кожув, екипа во која Колев дополни со 15, Симиќ даде 12, а Дубински еден помалку.

На гостински триумф и на сличен начлин до победа стоигна и екипата на Гостивар.
На дуелот одигран во Скопје, гостиварци го совладаа Ангели со 91-86. Тимот од Драчево иако водеше во најголемиот тек од натпреварот, а имаше и најголеми 18 поеми посредност, на крајот мораше да се помири со вториот пораз. Херој на Гостивар беше највозрасниот Марјан Младеновиќ кој погоди тројка вредна победа.
Капитенот на Гостивар, Димитриевски имаше двоен ефект со 13 поени и 10 скока, а Младеновиќ заврши со 12 поени и шест скока.

Во Куманово каде гостуваше тимот на Маџари исто така победникот беше решен во завршницата. И таму гостите од Скопје имаа 16 поени предност, но не ги задржаа. Избраниците на Марин Докузовски фантастично во вториот дел, особено последната четвртина, па на крајот се радуваа со конечни 82-76. Радукиќ со дабл-дабл ефект со 22 поени и 10 скокови беше предводник во втората победа на кумановци.
Во првиот денепен натпревар ТФТ го декласира Работнички, а вчера истото го сториу и Пелистер против Чаир.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Феникс.
СУПЕР ЛИГА – 2. КОЛО
сабота
Тиквеш – Кожув 70:72
Ангели – Гостивар 86:91
МКК Куманово – Маџари 82:76
ТФТ – Работнички 83:63
недела
20.00 МЗТ Скопје Аеродром – Феникс
петок
Пелистер – Чаир 104:74




































