Две силни четвртини, првата и последната, беа доволни за кошаркарите на ТФТ да го победат Работнички. ТФТ до втората победа во новиот шампионат стигн со 20 поени разлика 83:63.

Одлична прва, но и последна четвртина имаа домашните кошаркари. Веќе во воведните десет минути ТФТ се стекна со двоцифрена предност (24:13), која условно кажано „гостите“ ја преполовија во втората четвртина и на полувреме „бело-црните“ да водат со шест поени (42:36).

По изедначениот трет дел од играта, домаќините го зададоа решавачкиот удар. Во последната во која ги симнаа сите дилеми околу конечниот победник.

Уште една одлична игра прикажа Гордон, кој финишираше со 22. поени. Го следеше Дејвис, кој додаде 17.поени и седум скока, се стандардно добра игра прикажа и репрезентативецот Ташовски, кој освен 13 поени.

Ова е првиот од трите денешно натпревари.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 2.КОЛО

Сабота

13.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ

17.00 ТИКВЕШ – КОЖУВ17.00 КУМАНОВО – МАЏАРИ

17.00 АНГЕЛИ – ГОСТИВАР

Недела

19.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС

Петок

ПЕЛИСТЕР – ЧАИР 104:74