Викендов продолжуваат натпреварите во женската Супер и Прва лига. На програмата се низа интересни натпревари, кои ветуваат голема борба за бодови.

Денеска ќе се одиграат три натпревари – два од Супер лигата и еден од Првата лига.

Во рамки на Супер лигата, Астибо ќе го пречека тимот на Пелистер во 12:00 часот, додека во салата „Круме Кепески“ од 16:30 часот ќе се сретнат Вардар и Спартак. Од Првата лига, тимот на Ѓорче Петров МРК гостува кај Атлетик во салата „Јане Сандански“ со почеток во 13:00 часот.

Утре продолжува програмата со два натпревари од Првата лига:
Овче Поле ќе се сретне со Шампион од 16:00 часот. Во Гостивар, Јехона ќе игра против Деспина со почеток во 16:30 часот.

Поради европските настапи на македонските клубови, дел од дуелите од ова коло ќе се одиграат подоцна. Во вторник, Металург ќе биде домаќин на Куманово во 20:00 часот. Во среда, дерби дуелот меѓу Ѓорче Петров и Чаир е закажан за 19:00 часот.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи