Прволигашката фудбалска конкуренција го носи 8 коло, кое и овојпат ќе се игра во три дена.
За утре закажани се првите два натпревари во Кавадарци и Гостивар. Фудбалерите на Тиквеш ќе ги пречекаат „лавовите“ од Ѓорче Петров, а Арсими е домаќин на Шкупи кој сеуште нема освоено нити еден бод.
Дербито на колото ќе се игра во недела во Тетово. Таму актуелниот шампион Шкендија ќе го пречека Силекс кој врза два порази во низа. Тоа е дуел на трето и четврто пласираните екипи на табелата во моментов.
Водечките две ќе играат во понеделник. Лидерот на табелата Струга Трим Лум пред домашните навивачи, а Вардар го чека тешко гостување во Куманово.
Сите натпревари ќе почнат во терминот од 15 часот, а може да ги гледате низ тв пренос на програмите на МРТ или ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА – 8 Коло
Сабота
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 15 часот
АРСИМИ – ШКУПИ
Недела
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
Понеделник
СТРУГА Т.Л. – ПЕЛИСТЕР
БАШКИМИ – ВАРДАР




































