Попладнево во Охрид и Струмица беа одиграни првите натпревари од осминафиналето во Купот на Македонија. По нив екипите на Охрид Лихнидос и Детонит Плачковица обезбедија пласман во четвртфиналето.
Еден гол го реши натпреварот во Струмица каде Детонит Плачковица славеше ви дуелот со Беласица. Победата на гостите од 0-1 им ја донесе Иван Галевски со погодокот уште во третата минута.
Затоа пак во Охрид истоимената домашна екипа беше убедлива во дуелот со прволигашот Шкупи кого го совлада со 3-0. За чаирчани ова е осмиот сезонава кои имаат само една победа над Кожув во претходната рунда на купот.
Останатите натпревари од осминафиналето на националниот куп ќе се играат во октомври месец.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале
24 септември
БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ Плачковица 0-1
ОХРИД Лихнидос – ШКУПИ 3-0
8 октомври
ШКЕНДИЈА Арачиново – ПЕЛИСТЕР 15 часот
15 октомври
ШКЕНДИЈА Тетово – ТИКВЕШ 15 часот
29 октомври
БАШКИМИ – СИЛЕКС 14 часот
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СТРУГА Трим Лум
ВАРДАР – НОВАЦИ
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
* се игра еден натпревар




































