Интер Мајами оствари нова значајна победа во МЛС, совладувајќи го Ди Си Јунајтед со 3-2 во натпревар во кој Лионел Меси повторно беше главен протагонист.

Аргентинецот постигна два гола и запиша една асистенција, продолжувајќи ја својата блескава форма во американската лига.

Првиот погодок на натпреварот дојде во 35-тата минута, кога Меси маестрално го проигра Аљенде, кој излезе сам пред голманот и прецизно реализираше за водство од 1-0. Гостите од Вашингтон се вратија во игра преку Кристијан Бентеке, кој во 53-тата минута го израмни резултатот.

По израмнувањето, Меси ја презеде контролата врз натпреварот. Во 66-тата минута, по одлична акција со Џорди Алба, Меси погоди за ново водство од 2-1. Во 85-тата минута, по додавање од Бускетс, Меси ја погоди гредата, а топката се одби во мрежата за 3-1. Ди Си Јунајтед успеа да го намали резултатот во самиот финиш преку Марел, но немаше доволно време за израмнување.

Со оваа победа, Интер Мајами ја запиша својата 15-та победа сезонава и сега со 52 освоени бода се наоѓа на 5.место во Источната конференција. Лионел Меси, пак, достигна вкупно 35 голови и асистенции оваа сезона – 22 погодоци и 13 асистенции.

Следете нé на социјалните мрежи