Попладнево во Кратово и Струмица се одиграа два натпревари од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига, во кои победи остварија домашните екипи.

Вицешампионот Силекс ја впиша и петата заедно, со која кратовци избиваат на првата позиција на табелата, а заедно со Струга ТЛ се единствените тимови кои имаат максимален ефект.

Силекс пред своите симпатизери славеше над Работничлки со 3-1.

Првата голема шанса ја имаа гостите кога Кадриу не реализира на празна мрежа. Казната за пропуштеното стигна во финишот на првото полувреме кога Силекс поведе. Во 43-тата минута по акција од левата страна Босанецот, Хрвановиќ со одмерен удар со глава го совлада гостинскиот голман за 1-0 за Силекс.

Во вториот дел, односно 52.минута во листата на стрелци се запиша и Алиќ за 2-0. Во 77.минута, а по претходно прегледување на ВАР снимката беше досудена најстрога казна за гостите од Скопје. Одговорноста ја презема Асани кој беше сигурен реализатор на пеналот, за намалување на 2-1.

Тоа само за миг ја врати надежта на „романтичарите“ бидејќи во финишот Матевски беше стрелец на третиот гол за кончени 3-1 за Силекс.

На натпреварот во Струмица, каде АП Брера го пречека Шкупи еден гол го репи победникот. До првата победа во сезоната стигаа струмичани и тоа со погодокот на Стојаносвки во 88.минута славејќи со 1-0. За Шкупи пак тоа е петти пораз во исто толку одиграни натпревари.

Потсетување дека и вчера домашни победи остварија шампионот Шкендија и Вардар, додека последните два натпревари ќе се играат утре во Струга и Битола.

Следете нé на социјалните мрежи

ПМФЛ 5 КОЛО

сабота
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 3-1
АП БРЕРА – ШКУПИ 1-0
недела
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 15:30 ч.
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 19:00 ч.
одиграно вчера (петок)
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0