Во машката ракометна суперлига викендов на програмата ќе бидат пет од шесте натпревари од второто коло.

Поради обврски во ЕХФ Европскиот куп ракометарите на Бутел својот натпревар против Радовиш ќе го играат во среда.

Дербито на ова коло ќе се игра во Кавадарци, каде тимот на Тиквеш ќе го пречека скопски Алкалоид. Составот на Кирил Лазаров ја заврши својата европска сезона, а кавадарчани допрва треба да ја почнат. Овој дуел пред се за домаќинот ќе биде одлична можност за проверка пред настапот во Европскиот куп.

натпреварот Тиквеш – Алкалоид ќе почне од 18 часот, термин во кој шампионот Еурофарм Пелистер ќе игра против Пролет во Битола. Половина час подоцна (18.30) ќе се игра езското дерби меѓу Охрид и Струга.

Останатите два натпревари на програмата се утре.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 2 КОЛО

сабота
ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД 18:00 часот
Е. ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 18:00
ОХРИД – СТРУГА 18:30
недела
Е.ПЕЛИСТЕР-2 – ВАРДАР 17:00
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 18:00
среда
РАДОВИШ – БУТЕЛ 19:00

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ