Два нови натпревари ќе се играат попладнево во Првата македонска фудбалска лига. Во Кратово и Струмица на програмата се дуели од петтото коло.

Вицешампионот Силекс заедно со екипата на Струга ТЛ, се единствените два тима кои досега имаат максимален ученик. Кратовци ќе се обидат да ја продолжат низата и да ја забележат петтата победа, во дуелот против Работнички кој досега има освоено само еден бод.

На натпреварот во Струмица, АП Брера и Шкупи, ќе се борат за важни бодови во трката за опстанок во конкуренцијата. Двата тима се во групата на екипи кои гравитираат во долниот дел од табелата. Ниту една од нив досега се нема израдувано на победа. Струмичани на четирите досегашни натпревари двапати одиграа реми, а тимот од Чаир ги загуби сите.

Дуелите во Кратово и Струмица ќе почнат во терминот од 15 часот и 30 минути.

Потсетување дека вчера домашни победи остварија шампионот Шкендија и Вардар кој е на првото место на табелата.

Следете нé на социјалните мрежи

ПМФЛ 5 КОЛО

сабота
САБОТА СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 15:30
АП БРЕРА – ШКУПИ
недела
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 15:30
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 19:00
одиграно вчера (петок)
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0