Во Јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026-та, се одиграа натпреварите од претпоследното 17-то коло.
Се мина во знакот на фудбалскиот генијалец Лионел Меси кој го одигра својот натпревар за Аргентина пред домашната публика. На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес пред речиси 85.000 гледачи, светскиот шампион Аргентина ја пречека Венецуела.
Меси го имаше својот последен „домашен танц“. Уште при загревањето, а потоа и интонирањето на химната, видливи беа емоциите на фудбалскиот „Бог“. За простувањето да мине во уште поголема еуфорија, Меси се погрижи во 40-тата минута. По асистенцијата на Хулиан Алварез, на неверојатен, само нему својствен начин Меси постигна го за водство од 1-0. Откако Лаутаро Мартинез зголеми на 2-0, Лионел Меси беше стрелец на третиот гол за Аргентинците.

Аргентинците ја остварија дванаесеттата победа со која само ја потврдија својата супериорност во овие квалификации и го освоија убедливо првото место.
Покрај актуелниот светски шампион Аргентина, директен пласман на Мундијалот обезбедија и: Уругвај, Еквадор, Бразил Колумбија и Парагвај.
Покрај поразот Венецуела останува во игра за местото кое води во баражот, со бод повеќе од Боливија.