Екипата на Еурофарм Пелистер со трофеј ја стартува новата сезона 2025/2026 на домашната ракометна сцена.

Тие вечерва во Кавадарци го добија дуелот за Супер куп трофејот против лутиот ривал Варрдар со 28-27.

Дуелот започна со два гола на Пелистер, кој таа предност ја одржуваше со 4-2, по што Вардар израмни на 4-4. Гол за гол се играше до 6-6, па следуваше серија на црвено-црните од четири погодоци, за предност од четири гола 6-10. Шампионот постојано ја бркаше таа негатива, а на полувреме замина со гол помалку 12-13.

На стартот на вториот дел, Пелистер беше оној што ја наметна својата игра. Зелено-белите во 38.минута поведоа со два разлика 17-15. Во завршните 7 минути пелистерци влегоа и со четири гола предност 26-22. Сепак со голот на Анастасовски во 57.минута Вардар стигна до израмнување и донесе драма во завршницата. Во следниот напад Гогов одбрани седмерец и му донесе шанса на Вардар за водство. А, на спротивната страна Брестовац на голот ги потврди своите квалитети. По резлизираните седмерци на двете страни во завршните 20.секунди се влезе со израмнети 27-27.

Последниот напад го имаше шампионот Еруофарм Пелистер, а одговорноста ја презема Хосни. Тој со својот осми гол (беше најефикасен на натпреварот му донесе триумф и трофеј на битолскиот тим

За Еурофарм Пелистер ова е трет трофеј во Супер купот, кој вардарци го освоија четири пати, а еднаш (лани) се радуваше и Алкалоид.

Следете нé на социјалните мрежи