Актуелниот фудбалски првак на Македонија, тетовска Шкендија не успеа да ја забележи трата победа во новата сезона на Првата лига.
Тетовци пред своите симпатизери попладнево го пречекаа дебитантот Арсими со кого одиграа без победник и голови 0-0.
Иако важеа за аутсајдери гостите покажаа карактер и во повеќе наврати имаа можности за гол. Особено во првиот дел кога во неколку наврати спасуваше чуварот на мрежата на Шкендија, Гаје.
Зенјулаи во 77.минута веќе го совлада гостинскиот голема, но ја погоди стативата. А веќе во следниот напад на спротивната страна Арсими имаше шанса за водство но спаси домашниот голман Геје.
Притисокот на домаќините траеше до крајот на натпреварот, а гостинскиот голман Ислами беше јунакот, спасувајќи го својот и голот на Арсими.
Она што претстои за Шкендија е реванш дуелот од плејофот за Лигата на Европа и гостувањето во Бугарија кај Лудогорец. Тој меч на програмата е во четврток, а тетовци ќе го почнат со гол предност (2-1).
Инаку третото коло во ПМФЛ ќе биде заокружено утре со натпреварите во Кавадарци и Куманово.
ПМФЛ 3. КОЛО
Недела 24.08.
ШКЕНДИЈА – АРСИМИ 9-0
Понеделник 25.08.
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 17 часот
БАШКИМИ – ТИКВЕШ 17 часот
Претходно одиграно
СТРУГА Т.Л. – РАБОТНИЧКИ 2-0
ВАРДАР – АП БРЕРА СТРУМИЦА 2-2
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 3-0




































