Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар засилено се подготвува за новата сезона. Во неа вардарци ќе атакуваат на двата трофеи во домашните натпреварувања, а ќе има обврски во ЕХФ Европската лига.

Црвено-црните изградија силен тим кој треба да носи нова радост на своите навивачи „Комитите“.

Вардарци денеска низ „моќно“ видео го преставија тимот, како и дресот со кој ќе настапуваат во наредните две сезони.

Ова е само дел од низата настани и активности, со кои РК Вардар во текот на целата година ќе го прослави 65 роденден.