На натпреварот од 2.коло во ПМФЛ, во Гостивар, дебитантот во прволигашката конкуренција Арсими го пречека екс шампионот Струга Трим Лум.

Стружани важеа за фаворити во овој дуел, но се изнамачија да стигнат до трите бода. До вториот сезонски триумф Струга ТЛ стигна со конечни 1-2.

Во првиот дел две големи шанси за гол имаа домашните фудбалери. Сепак, голманот на Струга, Анџелети имаше можност и ги покажа своите квалитети. Но, во 43.минута, Италијанецот беше неможен по волеј „бомбата“ на Нигериецот, Сикиру Олатунбосун кој донесе водство на Арсими од 1-0.

Во ист ритам домашните фудбалери продолжија и натаму иако стружани се обидуваа да стигнат до израмнување, но промена немаше.

Се играше 46.минута кога обидот со глава на Таипи од десетина метри, италијанскиот голман на Струга го одбрани. Тоа како да ги подразбиду стружани па тие ја презедоа иницијативата.

Во рок од три минути гостите постигнаа два гола. Пресвртот го најави Радевски во 69-та, а во 72-мата минута Компаоре донесе водство и победа на Струга со 1-2.

Останатите натпревари на програмата се во наредните три дена.

ПМФЛ – 2 КОЛО
Петок

ТИКВЕШ – ВАРДАР 1-2
АРСИМИ – СТРУГА Т.Л. 1-2
Сабота
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – БАШКИМИ
Недела
ШКУПИ – СИЛЕКС
Понеделник
АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР