Третиот ден од новата сезона во ПМФЛ, носи нов натпревар и тоа во Кавадарци.

Фудбалерите на Тиквеш пред своите симпатизери попладнево го пречекуваат скопски Работнички, во петтиот претпоследен натпревар од премиерното коло.

Во него, кавадарчани влегуваат со засилен тим во однос на минатогодишниот, а „романтичарите“ со видно изменет и подмладен.

И двете екипи со свои амбиции влегуваат во новата сезона, а желбата денеска секако е да се стартува со позитивен резултат.

Чија желба ќе биде исполнета и како двата тима ќе изгледаат на теренот, останува да видиме од дуелот што ќе почне од 17.30 часот. Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ директен ТВ пренос на МРТ3.

Оваа прва рунда во новото првенство ќе биде заокружена утре со натпреварот во Кратово каде силекс ќе ја пречека АП Брера Струмица.

ПМФЛ 1 КОЛО

петок, 8. август
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 4-1
сабота, 9. август
БАШКИМИ – АРЕСИМИ 1-1
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
недела, 10. август
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ | 17:30 | градски стадион, Кавадарци
понеделник, 11. август
СИЛЕКС – АП БРЕРА СТРУМИЦА | 17:30 | стадион Силекс, Кратово