Екипата на Куманово продолжува активно да го оформува „ростерот“ за претстојната сезона, обезбедувајќи три нови засилувања.

Станува збор за ракометарките Михаела Николовска, Меланија Јовановска и Ева Ѓорѓиевска, кои доаѓаат од редовите на ЖРК Илинден.

Станува збор за млади и талентирани ракометарки кои важат за едни од повпечатливите имиња во својата генерација.

Договорите веќе ги продолжија и Мила Мемов, Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Нена Нестороска, Марија Петревска и Никита Антевска – потег што ја потврдува намерата на клубот да обезбеди континуитет и стабилност.

Покрај продолжувањето на соработката со клучните ракометарки, Куманово се засили и на голманската позиција, ангажирајќи ги Симона Грујовска и Ана Марија Горговска.

Дополнително, клубот веќе ги официјализира и странските засилувања: португалскиот среден бек Маријана Азеведо и бразилскиот десен бек Аманда Стајн, кои ќе донесат нов квалитет и конкуренција во надворешната линија.

Ивона Кимовска