Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, 8 август, за кога се закажани две големи пресметки.
Во Тетово, Шкендија и Шкупи од 17 часот ќе ги одмерат силите во една од дерби пресметките од воведното коло во Прва МФЛ.
Само неколку часа подоцна, во Скопје, Вардар и Пелистер, вечните ривали, ќе се сретнат на Националната арена „Тодор Проески“. Овој натпревар ќе се игра под рефлектори во вечерниот термин од 20 часот.
Два натпревари ќе се играат во сабота, во Куманово и Струга, а по еден во недела (Кавадарци) и понеделник (Кратово), по што ќе биде комплетирана првата рунда.
РАСПОРЕД – 1. КОЛО (2025/26):
петок, 8. август
Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | градски стадион, Тетово
Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје
сабота, 9. август
Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | стадион Башкими, Куманово
Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга
недела, 10. август
Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | градски стадион, Кавадарци
понеделник, 11. август
Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | стадион Силекс, Кратово

































