Петок е, а тоа значи новиот билтен на Златна Копачка треба да се листа и да се најдат вистинските парови кои ќе ни донесат добивка… Конечно!

Со почетокот на август стартуваат дел од лигите кои најчесто ги типуваме, како на пример третата лига во Англија, австриската Бундеслига, Цвајта, а има и неколку пријателски дуели кои вредат да се играат.

Ова е нашата визија:

АРМИНИЈА Б. – Ф. ДИЗЕЛДОРФ: Гол-гол и 3+

Би било лудо да не очекуваме голови во премиерното коло од новата сезона во Цвајта, особено меѓу овие две екипи. Арминија и Фортуна во последните четири меѓусебни дуели постигнаа четири гола во просек.

РИД – САЛЦБУРГ: Победа гостин и 2+ гола

Австрискиот првак иако има квалификациски обврски за Европа, не би требало да има проблеми на отворањето на сезоната во Бундеслигата. Салцбург славеше во четири од последните пет гостувања кај Рид и во сите победи постигна барем два гола. Нека биде така и сега.

ДОНКАСТЕР – ЕКСЕТЕР: Победа домаќин

Поминаа осум години од последната пресметка на овие две екипи, а интересно е што само трипати досега ги одмериле силите, иако двете екипи се константни во пониските лиги на Англија. Донкастер во случајов е фаворит, па да искористиме таа прилика.

МАНЧЕСТЕР Ј. – ЕВЕРТОН: 1-2 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме

Јунајтед и Евертон ќе се пресметаат во рамките на летната лига на Премиер лигата во САД, па ако се водиме по досегашните резултати во подготовките, би требало и сега да има голови во двете полувремиња.

ГЕНК – АНТВЕРП: Победа домаќин

Од Генк се очекува веднаш да се разбуди по поразот од Клуб Бриж кој го претрпе во премиерното коло во Јупилер, иако не знае за триумф против Антверп во последните три меѓусебни дуели. Домаќините прилично ја освежија екипата за време на летниот преоден рок, па сега новите засилувања треба да се покажат на теренот и експресно да донесат резултати.

БРОНДБИ – ВИБОРГ: Победа домаќин

Брондби тргна со 2/2 победи на стартот на данскиот шампионат со надеж дека ќе се продолжи победничката низа и во оваа средба. Виборг во последно време е редовен пациент на домашниот состав, па затоа типуваме класичен кец.

Доколу овој предлог-тикет ви има смисла, имате време да го уплатите до сабота во 16:30 часот, кога почнува првиот натпревар, со помош на шифрата за брза уплата. Сумата на влогот е сосема ваш избор.

ШИФРА: W08011013928