Освојувачот на Купот на Македонија, скопски Вардар, вечерва ќе го игра третиот натпревар на европската сцена.

Вардарци во Лозана против истоимената швајцарска екипа, ќе го играат реванш дуелот од второто квалификациско коло за Конференциската лига.

Избраниците на Гоце Седлоски со гол предност ќе го полнат денешниот меч откако првиот во Скопје го добија со 2:1. Сепак задачата нема да биде ни малку лесна, свесни се во таборот на вардарци. 

„Зад нас е само едно полувреме од двомечот. Не е ништо готово,

Затоа уште од првата минута па до самиот крај ќе мора да одиграме максимално ангажирано. Сепак Лозана е сериозен тим и доколку сакаме успех, мора да бидеме целосно фокусирани“, изјави тренерот на Вардар, Гоце Седлоски. 

Добра вест за вардарци е што Закариќ веќе одреден период е во тренажен процес, но дали е доволно рехабилитиран и дали ќе добие шанса од Седлоски, останува да се види. 

Дуелот Лозана – Вардар чиј почеток е закажан во терминот од 20.,15 часот ќе може да го следите низ директен ТВ предност на МРТ (овде).

Следете нé на социјалните мрежи