Откако вчера во воведните три натпревари од 18.коло во Првата машка кошаркарска лига победи забележаа домашните екипи, максималниот ефект на домаќините денеска го продолжија екипите на Пелистер и Гостивар.
И двата тима забележаа убедливи победи пред своите симпатизери. Гостиварци славеа со 22 разлика во дуелот со Куманово, додека во Битола, кавадаречки Еуро Никел загуби со 18 разлика.
Потсетување дека вчера победи на домашен терен забележаа и екипите на Работнички, ТФТ Моцарт и Феникс.
Поради настапот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, последниот меч од оваа рунда ќе се одигра во вторник.
КОШАРКА ПРВА ЛИГА – 18.КОЛО
САБОТА
РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА 99 – 66
ТФТ – АКАДЕМИЈА ФМП 86 – 75
ФЕНИКС – КОЖУВ 83 – 79
НЕДЕЛА
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 86 – 64
ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 92 – 74
ВТОРНИК
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ А. 18.00 ч.