Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) „Скопје 2025“, финишира. Последните натпревари се играат, по што ќе бидат доделени и последните сетови на медали.

Останува вечерва свеченото затворање во СЦ „Јане Сандански“. По него сите заминуваат дома со одредени емоции, сеќавања, желби и нови познанства и пријателства.

Оние за кои најмалку изминативе денови се говореше и пишуваше се ВОЛОНТЕРИТЕ.

без нив еден ваков спортски настан е не замислив. Желбата да се биде дел од ваква манифестација преовладува, но пред се нивната љубезност, човечност, карактера да се помогне секому.

Над 400 волонтери беа во служба на игрите. „Зелените маици“ беа препознатливи не само на борилиштата, хотелите, сместувачлките капацитети, туку и низ улиците на Скопје и Куманово.

Од најмладиот кој има само 12 години до најстариот кој ја минал 70-тата, а доаѓа од Португалија, сите со насмеани лица, љубезни и вредни, да им се помогне на организаторите, спортистите па и гледачите.

Во најкраток опис „Волонтерите безпрекорно си ја извршија својата задача на ЕМОФ Скопје 2025“

Copy of ЕМОФ младински игри скопје by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА