Петтиот натпреварувачки ден на ЕМОФ „Скопје 2025“ носи повеќе финални дисциплини во повеќе спортови по кои ќе добиеме нови медалист.
Меѓу лауреатите ќе биде „невозможна мисија“ да видиме Македонец на пиедесталот. Теоретски да, но реално далеку сме од европската спортска конкуренција, како во индивитуалните така и колективните спортови.
Она што денеска ќе го гледаме од македонските спортисти се настапите во атлетика, пливање и таекводно (во поединечна конкуренција), односно трите спорта во екипна (ракомет, кошарка и одбојка).
Пливачите се веќе во скопскиот Олимписки базен, а таеквондистите во СЦ „Јане Сандански“.
Во колективните спортови, шесте македонски селекции ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место во конечниот поредок.
Први на сцена ќе излезат ракометните селекции. Девојчињата во „Јане Сандански“ (мала сала) ќе играат против Франција. Момчињата во СЦ „Кале“ за противник ќе ја имаат Португалија. Двата натпревари почнуваат од 11.30 часот.
По нив на ред е кошарката и тоа во ист термин (13.45 часот) во Куманово. Во малата сала на ОУ „Перо Наков“ девојчињата ќе играат против Словенија, а во големата момчињата против истата селекција.
Одбојката се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Таму во големата сала од 15.30 часот машките ќе играат со Чепка, а во малата од 18 часот, девојките со Германија.
Сите натпревари може да ги гледате ЖИВО на овој линк
ЕМОФ | FOLLOW US by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
































