Македонската македонистка Душица Бреслиева е поразена во третата борба во својата категорија на Европските младински олимписки игри.

Откако ги доби првите две борби, против Норвежанката, Јакобсен и Украинката, Хаувиринска, младата Душица не успеа во четвртфиналната рунда. таа беше поразена со 0-2 од Карла Сесар од Шпанија.

Така младата македонска таеквондистка остана без пласман во полуфиналето, а со тоа и освојување на медал.

Македонија засега останува без медал на игрите во Скопје и Куманово.

ЕМОФ | FOLLOW US by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА