Вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. го декласира велешки Борец Баскет во натпреварот од 19.коло во Втората лига, одигран попладнево во СЦ кале.
Победата младите аеродромци ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со седум разлика (24-17), а веќе на полувремето тоа беше јасно, откако на пауза домаќините заминаа со +23 (52-29)
Така вториот дел беше само чиста формалност, а фактографски периодите завршија со резултат 20-07 и 27-15 за конечни 89:51
Со оваа победа МЗТ 2 се врати на 7.мсто на табелата со 28 бодови колку што имаат и осмо и деветто пласираните Водно Санс и Шкупи, а заедно со Охрид овие четири тима ќе се борат за местата што водат во разигрувањето.
На три кола до крајот на лигашкиот дел сигурни учесници во плејофот се: Вардар, Соколи, Работнички и Ангели.
Последниот натпревар од оваа рунда меѓу Работнички и последно пласираниот Црн Дрим е во тек.
На средбите одиграни вчера беа постигнати овие резултати:
БАСКЕТ КАМ – ВАРДАР 66-90
СОКОЛИ – ОХРИД 90-73
КУМАНОВО – АНГЕЛИ 85-60
ШКУПИ – ВОДНО САНС 95-72