Ракометната федерација на Македонија, конечно прави вистински потег, кога во прашање е дигитализацијата и полесно и детално следење на натпреварите.
Имено како што информираа на денешната прес-конференција од федерацијата, веќе од пристојната сезона, РФМ ќе имплементира нов компјутерски софтвер.
Станува збор за софтвер кој одамна го користат во светот на ракометот, а преку кој „онлајн“ ќе се следат сите актуелности. Комплетна статистика на тековните натпревари, следење во живо и сите ракометни параметри.
Целта при имплементирањето е да биде олеснета и дигитализира работата како на федерацијата и клубовите.





































