Еден од најдобрите наши ракометари на сите времиња, Филип Миркуловски се врати во макеоднскиот ракомет. Ракометната федерација (РФМ), на прес-конференција, го промовира Миркуловски во координатор на сите машки репрезентации.

Искусно како ракометар и тренер, секако ќе биде од непроценлива вредност, што популарниот „Жути“ ќе може да ја пренесе овде.  Ова меѓу другото го истакна претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

За Миркуловски не треба да се трошат многу зборови. Тој со своите дела, како играч репрезентативец на Македонија, многу го задолжи макеоднскиот ракомет.

Мислам дека може многу да допринесе, да делува тука, како да го пренесе своето знаење на младите категории на ракометарите.
Водно тоа би било и добра можност за младите да ги следат сите неговиот пример и дај Боже да искочат уште многу ракометари кои што ќе се гледаат како него, а Македонија ќе добие здрава и успешно ракометна приказна“, истакна претседателот Стефанов.

По десет години минати во екипата на Вецлар во Германија, како играч и тренер, Миркуловски ќе се обиде, стекнатото искуство да го пренесе и овде, во Македонија.

„Многу сум благодарен што ми се укажува оваа доверба, на ваква витална функција во македонскиот ракомет.
Како и секогаш јас сум тука, да го дадам сето моето знаење што со стекнав години во Германија.

Младинските категории ќе ми бидат приоритет, да изградиме единствен систем и принцип за работа што ќе ја олесни работата во сениорската репрезентацијата, која веќе има добри поставено темели работат.

Тука сум да ги координирам сите селектори, мора да изградиме еден единствен систем и принцип на работа што ќе бидат доста полесно понатаму во селекцијата“, истакна Миркуловски.