Македонската кошаркарска федерација денеска, со соопштение до јавноста, ја објави стратегијата со која ќе се обиде да ја врати старата слава. Не е тајна дека мак-баскетот години или подобро речено децении (по успехот во Литванија 2011) е во надолна линија.
Со новата стратегија КФМ ќе се обиде првенствени да воведе ред во буквално сите сегменти на натпреварувања и лиги. Иако можеби поголемиот дел од таа стратегија е на место, сепак останува нејасни целите на некои заложби.
Најквалитетното машко натпреварување сега ќе се нарекува Супер лига, а она второто по квалитет ќе го носи името Прва лига. Бројот на странци во Супер лига останува ист (4), но сега на теренот мора да има по двајца Македонци. Во плеј-офот пак екипите може да ги користат сите странци истовремено. Супер лигата во по наредната сезона 2026/21027 ќе брои 10 наместо досегашните и следно сезонски 12 екипи.
Затоа пак, Првата лига (по старо Втора) која ќе брои 12 наместо 10 екипи (постои веројатност таа да биде проширена). Воедно клубовите ќе може да ангажираат странец. Кај дамите единствената Прва лига ќе брои 8 екипи, а ќе има и Втора лига.
Покрај стандардните младински категории, 12, 14, 16 и 18 години, ќе се игра и машка лига до 20 години и тоа „развојна“.
КФМ ќе се обиде да воведе финансиска дисциплина кај сите клубови кои имаат рок да ги достават своите пријави за натпреварување од 7 до 11 јули.
Целиот стратешки план за враќање на некогашниот углед што го уживаше мак-баскетот може да го прочитате ОВДЕ.




































