женскиот кошаркарски клуб Бадел во новата сезона ќе стартува со нов шеф на стручниот штаб. Еден од најтрофејните женски клубови кај нас, реши да направи промена на тренерското столче.
Имено, на местото на долгогодишниот Перо Стамески доаѓа Дарко Димитријевиќ.
Од клубот ми се заблагодарија на Стамески за неговиот долгогодишен ангажман.
По 36 години несебична посветеност, пожртвуваност и искрена љубов кон кошарката, со голема почит и емоции соопштуваме дека тренерот Перо Стамески – човекот кој не само што ја испиша историјата на нашиот клуб, туку и ја обликуваше иднината на многу генерации кошаркарки, заминува во пензија.
Дарко Димитријевиќ е тренер со над три децении професионално искуство во спортот, зад кого стојат генерации успешни кошаркари. Покрај поранешниот прволигаш Балкан Стил (1999-2003), тој работеше и во Кина (2016-2017), а беше и тренер во младинските екипи на МЗТ Скопје (2017-2021). Во 2019 година ја предводеше најмладата селекција на Македонија (У14) на „Словенија Бол“.
Од 2021 година Димитриевиќ е во редовите на ЖКК Бадел како главен тренер во младинските категории и асистент на Стамески.

Познат по својата методичност, аналитичност и способност да препознае веруваме дека своето огромно познавање на кошарката успешно ќе го префрли на нашите баделки и ќе го извлече нивниот максимум во новата 2025/26 сезона.
Ако се суди по неговото искуство Димитријевиќ, има „сенс“ за препознавање на таленти, па може да очекуваме дека во блиска иднина некоја нова млада кошаркарка ќе плесне под неговата „палка“.




































