Бразилската ракометарка Аманда Каролине Штајн од следната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Куманово. Договорот со 25-годишната бековска ракометарка претставува значајно засилување за кумановскиот клуб во пресрет на новата сезона во Суперлигата.

Таа претходно настапуваше за косовскиот тим Феризај, со кој го освои Суперкупот и беше вицешампионка на Косовската лига. Својата кариера ја започна во Бразил, каде настапуваше за неколку клубови, а се истакна и во националното првенство.

Со нејзиното искуство и квалитет, таа се очекува да биде клучна фигура во амбициите на Куманово за подобар пласман во новата натпреварувачка сезона.

Ова е второ засилување за Куманово кој претходно потпиша со Маријана Да Силва Азеведо од Португалија.

Ивона Кимовска